Фудбалерите од муслиманска вероисповест кои постат за време на Светиот месец Рамазан ќе можат да побараат од судијата да го прекине натпреварот во одреден момент за да внесат вода и храна на мечевите кои се играат во англиските лиги.
Досега фудбалерите ја исфрлаа топката од игра за да може соиграчите кои постат да се напијат вода и да внесат енергетски додатоци, но од сега тоа ќе биде многу поедноставно.
Играчите кои се придржуваат до постот ќе треба да го информираат главниот судија пред почетокот на натпреварот дека треба да ја прекине играта во одреден момент. Така на фудбалерите ќе им биде дадено време да се напијат вода и да ги внесат потребните енергетски додадоци по целодневниот пост.
Светиот месец Рамазан започнува во среда, на 22 март и ќе трае сè до 21 април, кога верниците не внесуваат храна и пијалоци од изгрејсонце до зајдисонце. Најпознати фудбалери од Премиер лигата кои најавија дека ќе постат се: Мохамед Салах, Калиду Кулибали, Канте, Весли Фофана и други.