Шест натпревари нуди НБА-лигата за вечерва, а за обложувачите најпривлечен би требало да биде првиот пар, Орландо – Вашингтон, кој се игра на полноќ.
Визардс има серија од седум победи по ред во дуелите со Магичните, а во Sport Life квотите и за кец и за двојка се големи, па ваше е да одберете дали ќе ја следите традицијата или ќе бркате нејзино прекинување.
Тука се и два зицера, за победи на Атланта против Детроит и на Њу Орлеанс над Сан Антонио, фаворит е и ЛА клиперс во дуелот со Оклахома сити. Интересно треба да биде и во Сакраменто, каде што на третиот тим на Западот му гостува второпласираниот од Истокот, а Бруклин бара прекинување на серијата од три порази по ред, против тим кој има три победи на последните четири меча.
Во понудата на Sport Life има и повеќе од 40-мина кошаркари за кои може да погодувате колку поени ќе постигнат.