Претстојниот викенд во Радовиш ќе се одржи завршниот турнир во одбојкарскиот Куп на Македонија

Осум екипи, по четири во машка и во женска конкуренција, од четврток до сабота ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Завршниот турнир ќе биде одржан во салата „25 Мај“ во Радовиш, а првите полуфинални пресметки ќе бидат во машка конкуренција.

Бранителот на трофејот, Струмица Никоб, е апсолутен фаворит против Универзитет Тетово, а ГОК Борец ќе се обиде да ја предизвика Шкендија во дуелот на третата и втората екипа на табелата во шампионатот.

Петокот е резервиран за дамите, Работнички Скопје ќе игра против Јанта Волеј, додека Наковски волеј игра против Вардар.

Финалните натпревари треба да се играат в сабота, стартот на машкото финале е во 13 часот, додека женското е закажано за 16 часот. Сите натпревари од завршниот турнир ќе се емитуваат на националниот сервис, и тоа на третиот канал.

Полуфинале (мажи) , четврток:
Струмица Никоб – Универзитет Тетово (17.30)
ГОК Борец – Шкендија (20.00)
Финале (мажи), сабота (13.00)

Полуфинале (жени), петок
Јанта волеј – Работнички Скопје (17.30)
Вардар – Наковски волеј (20.00)
Финале (жени), сабота (16.00)

- Оглас -

Најнови вести