Ибрахимовиќ: „Јас сум минато, сегашност и иднина“

Златан Ибрахимовиќ само пред еден месец се врати на клупскиот фудбал откако имаше пауза од 14 месеци поради повреда, а веќе е дел и од репрезентацијата на Шведска.

Тој синоќа се појави во кампот каде што се подготвува шведската репрезентација и веднаш беше главна ѕвезда за сите новинарски екипи.

Тој на прашањето дали ќе игра и на Европското првенство следната година доколку Шведска се пласира, даде интересен одговор: „Ако се чувствувам добро и ако селекторот ме повика, секако дека ќе му помогнам и нему, и на целата екипа и на цела земја и ќе дадам сè од себе. Меѓутоа, мислам дека во мои години не можете да размислувате на иднината, размислувате само на сегашноста. Сепак, јас сум и минато и сегашност и иднина.“

Шведска во мартовскиот квалификациски прозорец ќе одигра два домашни натпревари, и тоа против Белгија на 24 и против Азербејџан на 27 март.

- Оглас -

Најнови вести