„Магична“ ноќ за Орландо и убедлива победа против Волшебниците од Вашингтон (Видео)

Екипата на Орландо меџик го доби дербито на колото во ноќната НБА-понуда против Вашингтон визардс со 122-112. Натпреварот беше решен во последниот период, кој им припадна на домашните со 11 разлика. На Волшебниците од Вашингтон не им помогнаа ниту триесетте поени на Порзингис, додека во победничката екипа имаше дури седум двоцифрени играчи.

На останатите натпревари, највозбудливо беше на дуелот во „Крипто арената“, каде што ЛА клиперс беше пократок за половина кош од Оклахома и загуби со 101-100.

Резултати: Орландо меџик – Вашингтон визардс 122-112, Атланта – Детроит 129-107, Бруклин – Кливленд 109-115, Њу Орлеанс – Сан Антонио 119-84, Сакраменто – Бостон 109-132 и ЛА клиперс – Оклахома 100-101

- Оглас -

Најнови вести