Таткото на Нејмар лут: Зарем Нејмар не смее да дрибла?

Нејмар се здоби со нова повреда на глуждот во дуелот против Стразбур (2-0) во Купот на Франција. Ѕвездата на „светците“  и минатата сезона ја повреди истата нога, поради што мораше да паузира вкупно три месеци.

Поради острите стартови врз Нејмар, на социјалните мрежи реагираше неговиот татко, Нејмар Сантос сениор. Тој во опширна порака на „Инстаграм“ ја искажа својата фрустрација поради начинот на кој противниците се справуваат со неговите потези.

По дуелот со Стразбур во таборот на ПСЖ стравуваа дека Нејмар ќе мора на подолга пауза, но најавено е дека ќе се врати за десетина дена и че биде подготвен за нокаут фазата во Лигата на шампионите.

„Сите се сеќаваат како Зунига стартуваше врз Нејмар на СП 2014, толку многу го повреди што му пукна една коска во грбот. На Мундијалот во Русија слична ситуација, Лајун од Мексико згазна врз неговата нога, а вие велевте дека Нејмар симулира. Сите можеа да видат ВАР снимки, но и натаму зборат дека тој се преправа. Многумина велат дека тој ги провоцира и предизвикува противниците – Па, зарем не смее да дрибла? Не смее да го покаже својот талент? Тој некогаш знае да се занесе, но не го прави тоа намерно. Жолтата штампа инистира да пишува така за да продаваат што поголем тираж. Сепак, животот оди понатаму, а Нејмар како и секогаш ќе се врати посилен од порано“, стои во пораката на Сантос.

- Оглас -

Најнови вести