Надал или Ѓоковиќ ќе заработи 2.000 поени и над 2,5 милиони евра

Титулата во машка и женска конкуренција на отвореното првенство на Австралија носат идентична парична награда, од 2,58 милиони евра. Ова значи дека во утрешното машко финале, победникот, Новак Ѓоковиќ или Рафаел Надал ќе заработи 2.580.000 евра, додека поразениот ќе си оди дома побогат за 1.290.000 евра.

Вкупниот награден фонд на АО беше 38,5 милиони евра, а паричните награди се идентични ла мажите и жените во сингл. Поразените полуфиналисти заработија 579.000 евра, а четвртфиналистите 289.523 евра. Самото учество на главниот турнир, и пораз во првото коло се наградува со 47.200 евра.

Бидејќи Ѓоковиќ и Надал имаат заработено многу пари и можеби не им е преголема разлика дали во Мелбурн ќе заработат 2,5 или 1,2 милиони евра, победа во финалето ќе значи и добивање на 2.000 поени за АТП листата, што е огромна мотивација плус. Надал со победа ќе стане првиот тенисер кој барем по двапати ги освоил сите четири гренд-слема, додека првиот носител Ѓоковиќ ќе потврди дека е рекет број 1, и ќе постави рекорд по број на титули на австралискиот гренд-слем.

- Оглас -

Најнови вести