Иако има уште неколку месеци до крајот на тековнава сезона и почетокот на преодниот рок, сепак Наполи е на слатки маки околу статусот на Виктор Осимен. Понудите на адреса на Наполитанците веќе започнаа да пристигнуваат, па во редот за потписот на Осимен застана и екипата на Њукасл. Понудата на премиерлигашот изнесуваше 100 милиони евра, но таа веднаш и без размислување беше одбиена од страна на раководството на Наполи.
Интерес за репрезентативецот на Нигерија покажаа и Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ …, но тој има договор со Наполи до 2025 година.
Проценетата вредност на напаѓачот на Наполи е над 150 милиони евра, но според информациите од Апенинскиот Полуостров, раководството на Наполи нема намера да прифати понуда помала од 170 милиони евра.
За потсетување, Осимен од Лил се пресели во Наполи за 75 милиони евра.