Раководството на Тотенхен е во активна потрага по наследник на Антонио Конте, иако Италијанецот официјално сè уште е тренер на премиерлигашот. Сосема извесно е дека Конте ќе ја напушти клупата на Тотенхен, а сега се појавија две имиња кои конкурираат за неговото место.
Најголема желба на раководството на англичаните е поранешниот тренер на Барселона и селектор на Шпанија, Луис Енрике. Шпанецот имаше големи успеси на клупата на Каталонците, но со репрезентацијата на Шпанија немаше врвни успеси.
Второто име кое се споменува е тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Гласнер. Австриецот на клупата на Германците неодамна беше елиминиран од Лигата на шампионите од Наполи, но сега е во игра за нов тренер на Тотенхем.