Шпанскиот мотоциклист, возачот на Хонда, Марк Маркез, ќе стартува од пол-полизицијата на првата историска спринт трка во новата сезона во Мото ГП шампионатот.
Шпанецот беше најдобар во првите квалификации сезонава, се избори да стартува од пол-позицијата на денешната спринг трка (16 часот) како и на утрешната главна трка за Големата награда на Португалија.
https://twitter.com/i/status/1639591254991470594
Возачот на Хонда уште во првиот круг од првата квалификациска сесија си обезбеди место во втората сесија, откако постави нов рекорд на патеката во Портимао со време од 1:37.675 минута. Потоа во последниот круг од квалификациите, Маркес повторно извозе најбрз круг, овој пат во време од 1:37.226 минута.
Второто место во квалификациите го освои светскиот шампион Франческо Бањаја кој имаше време од 1:37.290, а трет беше Хорхе Мартин (1:37.454).