Баварците го промовираа Тухел како нов тренер: Никој не сака да игра против Баерн

Германскиот стратег Томас Тухел, денеска на „Алијанц Арената“ беше претставен како нов тренер на Баерн Минхен.

Челниците на Баерн во четвртокот му врачија отказ на Јулијан Нагелсман и за негов наследник го промовираа Тухел чија задача ќе биде да донесе нова титула во Бундеслигата, но и да освои трофеи и во Купот на Германија и во Лигата на шампионите.

Тухел потпиша две и пол годишен договор од Баерн, кој одлучи да го остави Нагелсман на платниот список, сè додека младиот тренер не пронајде нов ангажман.

„Сè се случи многу брзо, не очекував да дојде до договор и мислев дека кариерата ќе ја продолжам во странство. Бев внимателен во првите 30-тина секунди од разговорот бидејќи немав поим за што треба да зборуваме. Но, потоа брзо ја прифатив понудата, победите се ДНК на Баерн и верувам дека можеме да ги освоиме сите титули сезонава“, беа првите зборови на Тухел како нов тренер на Баерн.

Германецот веќе се има најдено во слична ситуација, среде сезона во 2021 година го наследи Френк Лампард на клупата на Челси и потоа триумфира во Лигата на шампионите.

„Баерн е многу ценет во Англија и во Франција. Никој не сака да игра против Баерн Минхен. Големината и силата на клубот се нешто што никој не може да го оспори“

- Оглас -

Најнови вести