Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 17 години загуби на првиот контролен натпревар од Романија со 3-2. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа одличен натпревар, создаваа шанси, но немаа среќа да извлечат позитивен резултат од овој натпревар.
Головите за Македонија на овој натпревар беа дело на Максимилијан Димитриевски.
Нашата репрезентација настапи во следниот состав: Славе Вргов, Анес Мелиќи, Андреј Велков, Адриан Незир, Андерј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Максимилијан Димитриевски, Милот Синани, Никола Манојлов, Давид Матески, Алтин Алији.
Вториот натпревар помеѓу селекциите на Македонија и Романија до 17 години ќе се одигра во понеделник, исто така на тренинг комплексот “Петар Милошевски“ во Скопје.