Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, налето планира да направи голема реконструкција на екипата и дури 15 фудбаери може да си заминат од „Енфилд“, пишуваат англиските медиуми.
Бразилецот Роберто Фирмињо уште од претходно најави дека си заминува на крајот од сезоната, а Црвените планираат да го вратат Артур на Јувентус кога ќе му заврши позајмицата. Коферите уште сега ги пакуваат Натаниел Филипс, Го Гомез и Куртис Џонс, додека на трансфер листата ќе бидат ставени Келехер, Фабињо, Жоел Матип и Цимикас.
Играчите на кои по завршување на сезоната им истекуваат договорите, нема да им биде продолжена соработката и тие веќе можат да си бараат нови клубови. Тоа се голманот Адријан, Наби Кеита, Алекс Оклејд-Чембрлен и Џејмс Милнер.
Со цел да им се овозможи да играат повеќе натпревари идната сезона, Клоп, планира да ги испрати на позајмица младите Фабио Карваљо и Калвин Рамзи.
Наигра