Фудбалската репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години забележа убедлива победа од 5-1 против врсниците од Косово на развојниот турнир кој се одржува во Бугарија. Стефан Младеноски и Един Етоски постигнаа по два погодоци за Македонија, додека еден гол беше дело на младинецот од Шкендија, Хисар Али.
Селекцијата предводена од селекторот Дашмир Беари турнирот го заврши со две победи, против Гибралтар на пенали и против Косово, и со еден минимален пораз од домаќинот Бугарија со 0-1. Македонија турнирот го заврши на втората позиција, веднаш позади Бугарија, а пред Косово и Гибралтар.