Работнички одигра во НБА стил во Битола и го декласира Пелистер со 110:63, а домашните гледачи присуствуваа на кошаркарско шоу на најтрофејниот македонски клуб во кошарка.
Скопјани постигнаа дури 21 тројка, доминираа од почетокот на мечот, а ги предводеше извонредниот бугарски репрезентативец Чавдар Костов со 40 поени.
Костов погоди импресивни 9 тројки од 11 обиди, ударот за два поени му беше совршен, два од два, а од слободните фрлања беше прецизен 9 пати од 13 удари.
Целата екипа на Работнички одигра извонредно и лесно славеше, а зад Костов по бројот на поени е Бобан Стајиќ со 17.
Лидерот на табелата ја забележа 11. победа на 12 меча во Суперлигата, додека Пелистер остана на две победи. Американците Билер со 20 поени и Харис со 15 беа најефикасни кај домашниот тим.