Гудељ се чувствува добро, неговиот брат објави фотогорафија (Фото)

Ден откако ги гледавме оние морнчиави сцени од натпреварот Кордоба – Расинг Ферол, на социјалните мрежи се огласи репрезентативецот на Србија, Немања Гудељ.

– “Сакам да искажам голема благодарност од мое име и името на моето семејство за сите кои се грижеа за Драгиша. Животот на мојот брат продолжува понатаму, благодарение на медицинската екипа од Кордоба. Се заблагодарувам на целиот персонал за третманот во болницата во Кордоба“ – напиша Немања Гудељ и објави фотографија од својот бра, Драгиша.

За потсетување, Драгиша Гудељ се сруши на теренот и остана без пулс да лежи неподвижен на тревата. Фудбалерите, но и сите на стадионот со солзи во очите гледаа како медицинската екипа се обидува да го реанимира.

- Оглас -

Најнови вести