Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвес, во моментов е во притвор поради обвинувањата дека сексуално злоупотребил девојка од Барселона. Сепак, ова не е пречка Дани Алвес да си тера “бизнис“ и од затвор. Тој со соработка со другите затвореници дели автограми во затвор во замена на цигари. Имено, еден од затворениците има неограничено движење низ целиот затвор и тој е главниот курир. Ги собира дресовите од Барселона кои им ги носат роднините на затворениците и ги носи во ќелијата кај Дани Алвес “на потпис“. Тој за ваквата услуга добива цигари и останати продукти кои им се потребни.
Дани Алвес е обвинет за силување на 20-годишна девојка од Барселона на 30.12.2022 година во ноќен клуб во главниот град на Каталонија.
Бразилецот во својата кариера настапуваше за Бахија, Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ, Сао Пауло и во мексиканскиот УНАМ.