Луди сцени пристигнуваат од бразилското првенство. Натпреварот помеѓу Интернационал и Кашијас заврши со победа на гостите на пенали, по што следуваше општа тепачка. Фудбалерите на Кашијас победата ја прославуваа пред трибината со домашните навивачи, тоа беше провокација за нив и влетаа во теренот да се пресметаат со противникот. Она што е најчудно е еден навивач кој со малечката ќеркичка во раце влета во теренот и физички нападна еден од фудбалерите на Кашијас.
Навистина сцена за „верувале или не“, но тоа е Бразил и сè може да се очекува на фудбалските терени.