По победата на гостувањето кај соседот Црна Гора, српската репрезентација направи важен чекор кон пласман на Европското првенство 2024 во Германија, а капитенот Душан Тадиќ посакува на ЕВРО 2024 да се пласираат и Црногорците, кои ги чувствува како свои сонародници.
„Знаевме дека Црна Гора е борбен тим, кој е компактен во одбрана и опасен од контри. Најважно е дека победивме. Атмосферата беше одлична. Искрено се надевам дека и ние и Црногорците ќе одиме на Европско првенство. Ние сме еден народ, од срце посакувам заедно да избориме пласман на ЕП“, изјави Тадиќ.