КФСМ доби спонзор чии машини ќе бидат од помош за кошаркарите

Македонската кошаркарска федерација го официјализира договорот за партнерство со компанијата КРИО.МК од Скопје.

„Кошаркарската федерација продолжува со соработка со сериозни компании кои ќе помогнат за уште подобри услови за кошаркарите, за клубовите и за репрезентацијата. Среќен сум што потпишавме договор, сигурно е дека со машините кои се нудат, ќе се донесе голема помош за кошаркарите. Со овие терапии лично се запознав во НБА-лигата, чувството по еден третман е одлично, како да не си тренирал. Ние од постарата генерација бевме навикнати на други третмани, но како што одминува времето, така технологијата оди напред. Затоа ние ќе мора да направиме подобри услови“, рече првиот човек на макбаскетот, Перо Антиќ.

Бранимир Стојановски го објасни начинот на функционирање и кои се бенефитите од методите кои ги спроведува КРИО.МК.

„На спортистите ќе им овозможиме добро и квалитетно заздравување, ќе им овозможиме најсовремена апаратура за постповреда, по тешки тренинзи и слично, со кои се надевам ќе постигнат подобри резултати. Членови сме на други Федерации, исто како што работиме таму, ќе работиме и тука. Ова се специјални машини кои работат на минусни температури. Докажано е дека ладните бањи или кади се совршени посттренинг, но овие што работат на -160 степени се подобри за детална регенерација на клетки митохондри. Тоа значи како играчот да немал тренинзи и веднаш може да продолжи со истиот напор“, рече Стојановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести