Стив Кер влезе во историјата на северно-американскиот професионален спорт

Стив Кер има среќа што тренира екипа во која играат Стеф Кари, Кевин Дурант, Дрејмонд Грин, Клеј Томпсон, па стана тренерот кој најбрзо стигнал до 300 победи во кариерата.

За да дојде до бројка од 300 победи (не се смета плејофот, туку само мечевите од регуларна сезона), на Кер му требаа само 377 меча, и тоа е рекорд не само во НБА, туку во било кој од четирите професионални спортови во Северна Америка. Второто место во НБА го држи Пет Рајли кој 300-тата победа ја имаше во својот 416-ти дуел како тренер. Во безбол лигата МЛБ, најбрзо до 300 победи дојде Френк Ченс после 426 натпревари, во НФЛ рекордот е на Дон Шула од 442 меча, а во хокеарската НХЛ е Брус Кубдро со 496.

Кариерата како тренер на Кер му трае помалку од пет сезони, но тој од Вориорс направи шампионска династија која има три титули во последните четири години. Голден стејт во која од последните шест сезони има серии од двоцифрен број на победи и тоа многу кажува за силата и квалитетот на тимот кој Кер го има на располагање.

Рекорд постави и Грег Попович од Сан Антонио. Тој стана рекордер по бројот на победи на гостински терен. Сега ги има 521, една повеќе од Рајли, кој во иста вечер загуби два тренерски рекорда. Над 500 победи има само уште Дон Нелсон.

- Оглас -

Најнови вести