Грузија и Норвешка ремизираа 1:1 во дуел од второто коло во квалификациите за пласман на Европското првенство. На дуелот во Батуми, Норвешка водеше на полувреме, а домаќините израмнија во вториот дел.
Гостите се тие кои жалат што не ги освоија трите бода откако нивниот капитен Мартин Одегард промаши од чиста позиција во 76-тата минута. По еден центаршут, топката падна на 7-8 метри од голот на домаќините, Одегард натрча и кога требаше само лесно да погоди во мрежата на противникот, шутираше високо над голот.
Одегард, кој сезонава игра одлично и во дресот на Арсенал, не можеше да верува што промаши, а целата ситуација може да ја видите ТУКА.