Антиќ и во наредните четири години ќе го предводи макбаскетот

Перо Антиќ и во наредните четири години ќе биде претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).

Антиќ беше единствен кандидат за претседател на КФМ и на денешното Изборно собрание што се одржа во хотелот „Александар Палас“ доби поддршка од 40 делегати, а само еден гласаше против.

Пред да го добие вториот мандат да ја предводи македонската кошарка, беше усвоеn и финансискиот извештај за минатата година, во кој беа констатирани долгови во висина од 200.000 евра од клубовите за лиценци, казни, котизации…

Антиќ на чело на КФМ дојде во 2019 година, по повлекувањето на Петар Наумовски од претседателската функција.

По реизборот, Антиќ го објави и списокот на членови на новиот Управен одбор. Во наредиот четиригодишен период во работата на Федерацијата ќе помагаат: Димитар Ефтимовски како потпретседател, потоа Ѓорѓе Војновиќ, Илија Мерџановски, Владимир Арсовски, Блаже Костадинов, Игор Мицевски, Алтин Малиќи, Аднан Шариќ, Амир Абед, Слободан Трајковски, Виктор Петрушевски, Бранислав Стојановски, Мустафа Ливарека, и членовите на ова тело по автоматизам, Стојмир Дејановски, како претставник на Прва лига-мажи, Јордан Цветановски, претставник на Прва лига-жени, Енвер Мифтари, претставник на Втора лига-мажи, Владимир Огњановски, претставник на Младинските лиги, и Александар Јончевски, претставник на Здружението на кошаркарски тренери.

- Оглас -

Најнови вести