Типовите од Спортска прогноза нудат потенцијално одлична добивка

Второто коло на Спортска прогноза за 2019 година, може да ја донесе и првата 13-ка, доколку најдобриот прогнозер од вчера кој ги погоди сите шест, ги погоди и денешните шест парови, а за утре ќе му остане последниот меч.

Комбинација од најчесто прогнозираните исходи за денеска, носи одлична добивка.

Според прогнозерите, Валјадолид и Селта од 12 часот ќе ремизираат, 36,9 проценти се за нерешено, додека за кец или двојка, има помалку прогнози. Во Sport Life обложувалниците нерешено на овој меч има коефициент 3.05.

Двојка треба да има на мечевите Феенорд – Ајакс (коефициент 1.80) и Лацио – Јувентус (квота 1.91). По 75 проценти од прогнозерите веруваат во победи на гостите на овие дербија. Околу 70 отсто сметаат дека Тулуз ќе го совлада Анже, а за оваа единица, квотата е одлична, 2.30.

Според најголемиот број на прогнозери кои учествувале во ова коло, се очекува голема неизвесност на дуелот Аталанта – Рома. Тука најмногу прогнозери предвидуваат „икс“, а само двајца помалку веруваат во победа на домашните. Коефициентот за нерешено е 3.50, а за двојна шанса 1Х е 1.37.

Речиси 60 проценти, сметаат дека Атлетик Билбао ќе триумфира против Бетис, дуел за кој коефициентот за победа на баскијците е 2.25.

Ако се следат процентите од играњето на сите прогнозери денеска може да направите интересно ливче со шест парови во кои квотите се од 1.80 до 3.50.

По вчерашните шест натпревари, Мартин Трајковски е најдобар, и единствен кој ги има погодено сите шест исходи од паровите. Уште 24 прогнозери имаат погодено по пет, па и тие остануваат во игра за одлична награда, доколку ги погодат денешните шест и утрешниот еден. Интересно е што Трајковски не се согласува со најголем дел од прогнозерите кои предвидуваат победа на Јувентус во Рим, туку типува на нерешено.

Ова се прогнозите на Мартин:

 

- Оглас -

Најнови вести