Европскиот кошаркарски шампион го брка последниот воз за влез во плејофот

1964 Ерзурумспор – Алтај (16.00 часот)

Двата тима речиси сигурно обезбедија опстанок во турската Лига 1. Ерзурумспор и Алтај се наоѓаат на 13-тата и 14-тата позиција на табелата и имаат осум бода повеќе од Денизлиспор, кој се наоѓа во зоната на испаѓање. Првиот натпревар сезонава заврши без победник 1:1, а двата тима не се ефикасни цела сезона. Во 27 натпревари, Ерзурумспор даде 28 гола, додека Алтај еден повеќе. Домаќинот се наоѓа во подобра форма, освои седум бода во последните три меча, додека Алтај загуби на последните два натпревара.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (2.05)

 

8005 Анадолу Ефес – Виртус (19.30 часот)

Актуелниот европски шампион Анадолу Ефес сè уште е во игра за освојување на едно од првите осум места на табелата кои носат во плејофот во Евролигата. Анадолу пред два дена убедливо го совлада другиот италијански тим Милано (89:69) и вечерва мора да оди на победа ако сака да игра во плејофот. Милано на три кола до крајот на регуларниот дел од Евролигата ги загуби сите шанси за пласман во плејофот и се наоѓа во серија од три порази во низа, а згора на тоа, нема да може да смета на првиот плејмејкер Милош Теодосиќ.

Предлог тип: 1 & > 166.5 (2.12)

 

8512 Макаби Тел Авив – Милано (20.05 часот)

Гордоста на Израел се наоѓа во неверојатна серија од девет победи по ред, со кои се наоѓа само на еден триумф од заверка на пласманот во плејофот. Освен што реди победи, Макаби Тел Авив игра ефикасно, на два меча постигна повеќе од 100 поени и вечерва се очекува да одигра уште еден ефикасен натпревар. Милано мора да победи на последните три натпревари од регуларниот дел ако сака да остане во игра за плејофот, што е гаранција за ефикасен натпревар.

Предлог тип: > 159.5 (1.75)

 

5228 Дева јунајтед – Персик Кедири (15.30 часот)

Дева јунајтед се бори за опстанок во индонезиската прва лига, но формата на екипата е променлива. Дева загуби на последните два натпревари, и тоа со идентичен резултат 2:1, а претходно имаше реми и победа. Дева јунајтед се наоѓа во зоната на испаѓање, додека Персик Кедири игра во неверојатна форма, има седум победи по ред и избега од опасната зона. Персик игра ефикасно во последно време, само една победа оствари со 1:0, а на другите шест меча беа постигнати најмалку два гола. За очекување е и двата тима да играат офанзивно и да има голови.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.17)

 

9237 ГОГ – Алборг (20.45 часот)

ГОГ и Алборг вечерва го играат реванш-натпреварот од осминафиналето во ракометната Лига на шампиони. Првата средба заврши со триумф на Алборг од 30:28, а двата тима освен што се борат за четвртфиналето, тие во данскиот шампионат водат мртва трка за титулата и имаат по 41 бод. Нивните натпревари редовно завршуваат со голем број голови, на последните пет меча беа постигнати најмалку 56 гола (30:26), а на последниот меѓусебен дуел на кој ГОГ беше домаќин, во данскиот куп, беа постигнати дури 70 гола.

Предлог тип: > 29.5 I (1.75)

- Оглас -

Најнови вести