Чави го чека нов договор, но прво треба да ја освои титулата во Ла Лига

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, ќе потпише нов договор со каталонскиот тим под еден услов, кој најверојатно ќе се исполни, објави новинарот кој е специјалист за трансфери, Фабрицио Романо.

Договорот на Чави со Барселона истекува идната година, а управата на каталонскиот тим веќе подготвила нов, финансиски подобар договор.

Но, Чави не сака уште сега да го потпише договорот бидејќи смета дека најважно во овие моменти е Барселона да ја освои титулата.

Барселона на 12 кола до крајот на сезоната е лидер на табелата со 68 бода, дури 12 повеќе од најголемиот ривал, Реал Мадрид, кого го победи со 2:1 во последниот меч во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести