Следното коло во македонската Прва лига ќе биде историско. За првпат на еден дуел од ПМФЛ улогата за главен судија ќе биде доделена на жена. Најдобрата македонска судијка, Ива Пројковска, е делегирана да биде главен арбитер на дуелот меѓу Шкендија и Победа од Прилеп.
Пројковска долги години е со знакот на УЕФА и суди на најголемите натпреварувања во женска конкуренција. Таа е редовен делител на правдата и во женската Лига на шампиони, а сега за првпат ќе се случи да ја дели правдата во македонското фудбалско првенство, односно во Прва лига.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 25 КОЛО
САБОТА:
Македонија ЃП – Работнички: Александар Ставрев (Скопје)
НЕДЕЛА:
Струга ТЛ – А.Пандев: Јосип Бартон (Скопје)
Шкупи – Скопје: Стојанче Стојанов (Штип)
Шкендија – Победа: Ива Пројковска (Скопје)
Брегалница – Тиквеш: Александар Грујоски (Кичево)