Ѓоковиќ: Вајда ти благодарам што се врати

Кам-бекот на Маријан Вајда во стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ на почетокот на 2018 година е клуч на успехот на српскиот тенисер, кој имаше неверојатен кам-бек на тениските терени, откако продолжи да соработува со тренерот од Словачка.

Ѓоковиќ имаше доста проблеми пред две години, во април одлучи да ја прекине соработката со Вајда и во 2017 година не успеа да освои ниту еден гренд-слем трофеј. Се чинеше дека тешко ќе се врати на патеките на успехот, но направи неверојатен кам-бек и има три гренд-слем пехари во низа.

„Најпрво да му честитам на Рафа за одлично одигран турнир и за борбениот дух. Се врати во голем стил, иако имаше проблеми со повреди. Имаше големи проблеми, но ни го покажа на сите тој препознатлив борбен дух, по кој е познат. Ти благодарам, ти си дефиниција за тенисер што никогаш не се откажува. Им благодарам и на моите соработници и особено на Маријан Вајда. Фала што се врати’, истакна Ѓоковиќ.

Рекордот од 7 гренд-слем титули во Мелбурн сега е во негова сопственост, успеа да го претрка Пит Сампрас на вечната листа со гренд-слем трофеи, ги има 15, зад Федерер со 20 и Надал со 17.

- Оглас -

Најнови вести