Суперкомпјутерот пресмета дека екипата на Арсенал ќе ја освои Премиер лигата со 95 бода, пет повеќе од Манчестер сити. Во анализата се искористени 100.000 аналитички податоци, како бројот на постигнати голови, асистенции …
Прогнозата е дека нема да има драма околу титулата бидејќи Арсенал ќе биде шампион на едно коло пред крајот на првенството. Пласман во Лигата на шампионите ќе обезбедат Манчестер јунајтед и Тотенхем, додека ќе испаднат Саутхемптон, Евертон и Нотингам форест.
Конечна табела според Суперкомпјутерот:
- Арсенал – 95 бодови
- Манчестер сити – 90
- Манчестер јунајтед – 74
- Тотенхем – 69
- Ливерпул – 66
- Њукасл – 65
- Брајтон – 65
- Брентфорд – 57
- Астон вила – 55
- Фулам – 54
- Челзи – 47
- Лестер – 42
- Лидс – 38
- Вулверхемптон – 36
- Кристал палас – 36
- Бурнмаут – 35
- Вест Хем – 34
- Нотингам форест – 34
- Евертон – 32
- Саутхемптон – 30
На десет кола до крајот на Премиер лигата, Арсенал има предност од осум бода пред Манчестер сити, но и натпревар повеќе. Англиското првенство продолжува утре.