Кога се игра дерби помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан, ниту во одбојка не може да биде мирно и без инциденти и закачки.
Тренер на Ѕвезда е некогашниот македонски селектор Никола Матијашевиќ, кој ја раскажа својата страна после кавгата со ривалскиот тренер Бојан Јаниќ.
„При 2-0 за нас во сетови и 23-17 во третиот сет, Бојан дојде до мрежата и изговори толку одвратни навреди, што моите покојни родители се превртуваат во гроб. Да ти ги е..м мртвата мајка, мртвиот татко, ќе те убијам стар коњу, итн. Искрено, никогаш во кариерата не сум доживеал ваков простотилак и навреди, а прволигашки тренер сум од 1983 година кога Јаниќ имал две години. Во мое време ги почитувавме постарите. Провокциите се составен дел од играта, кој не може да го поднесе тоа, треба да се запраша дали е за оваа работа. Научен сум да се борам за време на мечот, а потоа пружам рака и одам понатаму“ – изјави Матијашевиќ кој се консултира со адвокат дали има елементи за покренување на тужба.
Јаниќ кој бил гостин на свадбата на ќерката на Матијашевиќ, има своја верзија.
„Воопшто не ми е жал за инцидентот, требаше да реагирам порано. Тој човек кој нема да го наречам колега, работи нешто најодвратно што сум видел во кариерата која со јуниорскиот стаж трае 30 години. Никогаш не сум видел тренер кој така ги провоцира противничките играчи. Судиите не можат ништо, бидејќи тој го прави тоа на многу перфиден начин. Бедно е тоа што го прави тој човек“ – вели Јаниќ.
Утре се игра нов меч од четвртфиналето на плејофот во српската одбојкарска лига, и тоа е шанса да се смират страстите или можеби дополнително да се разгорат.