Киево и Фиорентина одиграа фантастичен меч, нов со седум голови, а повторно подобар беше тимот од Фиренца и победи со 4:3. Во првиот дел од шампионатот двете екипи одиграа 7+, а тогаш како домаќините играчите на Фиорентина беа убедливи и славеа со 6:1.
Попладнево во Верона беше многу понеизвесно и дури и драматично. Гостите постојано водеа, на двапати со по два гола разлика, 2:0 и 4:2, но Киево не се предаваше. Домаќините промашија и пенал во 85. минута, кој можеше да им донесе реми. Пелисие промаши, во тој момент беше 3:2 за Фирентина, а гостите играа со фудбалер помалку.
Веднаш казни извонредниот Киеза со вториот гол на мечот за недостижни 4:2, иако Ѓорѓевиќ во 89. минута намали на 3:4.
Претходно, Муриел и Бенаси со по еден погодок до 30 минута им донесоа на „виолетовите“ предност од 2:0, Степински и Пелисие израмнија на 2:2, а кај гостите беше исклучен Бенаси.
Кога се чинеше дека Киево има предност за победа со играч повеќе, Киеза се разигра, погоди двапати и беше најзаслужен за триумф на гостите.
https://www.youtube.com/watch?v=HJPxw6lar2c
Фиорентина победи по три меча и сега има 30 бодови на деветтата позиција, а Киево го претрпе вториот порза по ред и остана последен во Серија А со 8 бодови.