Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го потврди тоа што извесно време се шпекулира, дека Фудбалската федерација на Бразил сака тој да биде идниот селектор на Кариоките.
„Реалноста е дека сакаат да бидам селектор на Бразил. Но, мора да се почитува мојот актуелен договор со Реал Мадрид кој истекува во јуни 2024 година и кој сакам да го испочитувам до крај. Имам договор и сакам да го одработам до крај бидејќи го сакам овој клуб и овој тим. Се што ќе се случува по истекот на договорот е иднина, а никој не знае што ни носи иднината“, изјави Анчелоти.