На Ферстапен може да му биде одземена победата поради еден детаљ!

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Австралија, на патеката во Мелбурн која имаше хаотична завршница. Актуелниот светски првак ја имаше пол позицијата, но лошо стартуваше кога го поминаа возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.

Сепак, Ферстапен покажа зошто е првак и успеа да се врати на чело на трката, која беше прекината дури во три ситуации (два пати во последните три круга). Кога се случи прекинот на три круга до крајот, настана хаос. Повеќе болиди излетаа, некои се судрија меѓусебе, па повторно мораше да има прекин, за да на крајот последниот круг биде извозен со сигурносното возило на чело на колоната.

Ферстапен го испи победничкото шампањско и го подигна пехарот за победата, но сега може да се случи триумфот да му биде одземен.

Од тимот на Мерцедес се жалат дека Ферстапен имал неправилен старт по вториот прекин, односно дека неправилно бил позициониран.

На претходната трка, поради погрешно позиционирање беше казнет Фернандо Алонсо, па сега од Мерцедес веднаш побараа да има казна и за Ферстапен. Доколку тоа се случи и Ферстапен биде казнет, победник на трката ќе биде Луис Хамилтон кој заврши како втор.

Во хаотичната завршица казнет беше Карлос Сајнц кој заработи 5 секунди казна, па наместо на четвртото место, на крајот заврши како последен, иако молеше да не биде казнет.

- Оглас -

Најнови вести