Неверојатни сцени доѓаат од Бразил, каде ТВ коментаторот на телевијата „Спортв“, Фернандо Бекер, за време на натпревар беше погоден со протеза за заби.
Овој бизарен инцидент се случи за време на мечот меѓу Каксијас и Гремио за кого настапува уругвајскиот репрезентативец, Луис Суарес.
Новинарот прво помислил дека бил погоден со камен или некаков друг тврд предмет, но откако видел за што станува збор, ја предал протезата на делегатот.
https://twitter.com/BrasilEdition/status/1642282474418913284?s=20
„Навивачите на Каксијас се радуваа поради постигнатиот гол кога бев погоден со некаков објект. Си помислив дека станува збор за камен, но тоа беше протеза за заби. Не знам дали некој намерно ме гаѓаше со неа или само му испадна“, рече Бекер.