Екипата на Еурофарм Пелистер многу потешко од очекувањата успеа да забележи победа на гостувањето во Кавадарци со 22-21. Домашните ракометари на Тиквеш одиграа одличен натпревар и постојано беа во игра да останат непоразени на овој дуел. Еурофарм Пелистер на полувремето имаше минимални 10-11.
Во второто полувреме се играше гол за гол се до 53. минута кога резултатот беше 18-18. Следуваше серија од 3-0 за екипата на Еурофарм Пелистер за водство од 18-21. Тиквеш се обиде да се врати во натпреварот, но само да доживее чесен и минимален пораз од 21-22.
Најпрецизен во победничката екипа беше данскиот интернационалец Хененберг со 7 говоли. Во домашниот состав Симиќ осум пати го пронајде патот до противничката мрежа.
Со оваа победа Еурофарм Пелистер се израмни на врвот на табелата со Вардар со по 21 поен, три повеќе од третопласираниот Алкалоид. Тиквеш останува на четвртата позиција, која води во ракометна Европа, со 10 поени.