Рускиот тенисер Данил Медведев го освои АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами, откако во финалето го совлада италијанецот Јаник Синер со 2-0. Првиот сет започна одлично за италијанецот кој направи брејк за водство од 3-2. Сепак, Медведев веднаш врати и се играше изедначено се до 6-5. Тогаш русинот со нов брејк успеа да го освои првиот сет со 7-6.
Вториот сет започна исто како што заврши првиот, со брејк за Медведев и водство од 2-0. Синер веднаш врати, но тоа беше се од италијанскиот тенисер на овој натпревар, бидејќи Медведев продолжи во одличен стил и го освои сетот со 6-3.
Ова за рускиот тенисер е 19-ти АТП трофеј во кариерата, но и шестти Мастерс 1000. Трофејот во Мајами е четврти оваа сезона за Медведев, откако претходно беше најдобар и во Дубаи, Доха и Ротердам.