Реакција на Клоп по отказите на Роџерс и Потер: Јас сум последниот Мохиканец

Изминатите неколку дена во Премиер лигата поминаа во знакот на отказите на тројца тренери, Антонио Конте повеќе не е менаџер на Тотенхем, Брендан Роџерс доби отказ во Лестер, а вчера вечерта Челзи се раздели со Греам Потер, а англиските медиуми шпекулираат дека следен може да биде Јирген Клоп.

Ливерпул сезонава не личи воопшто на тимот на кој минатите години освојуваше трофеи, а изминатиот викенд загуби во големото дерби против Манчестер сити 4:1 и Црвените од коло во коло имаат сé помалку шанси да обезбедат пласман во Лигата на шампионите.

Поради тоа, медиумите шпекулираат дека Клоп наскоро ќе си замине од клупата на Ливерпул, а Германецот на интересен начин ги прокоментира отказите на неговите колеги.

„Што да кажам за отказите? Незгодна работа за која никој не зборува е таа зошто јас сè уште сум во Ливерпул во овој луд свет. Јас сум последниот Мохиканец. Ниту едниот, ниту другиот клуб не се наоѓаат во позиција во која би сакале да бидат. Не можам да зборувам многу, ги познавам добро и Роџерс и Потер, и двајцата ми се допаѓаат“, изјави Клоп, кој на клупата на Ливерпул седи од 2015 година.

Потер, кој вчера вечер доби отказ од Челзи, стана 12-тиот менаџер во Премиер лигата кој сезонава доби отказ.

„Тие се добри луѓе и фантастични тренери, но работите знаат да тргнат на лошо. Тие кои ги носат одлуките, сметаа дека се потребни промени и сите мора отказите да ги прифатиме како дел од оваа работа. Чудна недела, Конте минатата недела, потоа Нагелсман доби отказ, а сега уште четворица. За сите нив иднината е светла“, изјави Клоп.

- Оглас -

Најнови вести