Легендарниот боксер и поранешен шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, сега е успешен бизнисмен, одгледува марихуана која се користи за медицински цели и бизнисот сега го прошири во Европа.
Тајсон бизнисот го започна во 2018 година во Калифорнија, каде што изгради ранч од 16 хектари на кој одгледува медицинска марихуана, а пред неколку дена отвори кафуле во Амстердам, Холандија, каде што марихуаната е легализирана.
„Тука љубителите на марихуана ќе имаат можност да пробаат мои производи од канабис. Тоа веќе го направив во Калифорнија, а се надевам дека и Европјаните ќе бидат задоволни од моите производи“, изјави Тајсон.