Гвардиола објави убава вест пред пресметката со Баерн Минхен во ЛШ

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, денеска изјави дека првиот напаѓач на тимот, Ерлинг Халанд, ќе биде подготвен за четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Халанд на тренинг на норвешката репрезентација пред стартот на квалификациите за ЕП 2024 година заработи повреда на препоните поради која ги пропушти дуелите против Шпанија и Грузија. Гвардиола најави дека Халанд најверојатно ќе биде дел од тимот кој ќе игра против Сандерленд во следното коло во Премиер лигата.

„Ситуацијата со Ерлинг е сè подобра од ден во ден. Ни остануваат уште пет дена до натпреварот со Саутхемптон, па се надеваме дека ќе продолжи да ни помага како што правеше досега“.

Првиот четвртфинален натпревар во ЛШ против Баерн Минхен, Сити ќе го игра на 11 април на „Етихад“, а реваншот е закажан осум дена подоцна на „Алијанц арената“.

- Оглас -

Најнови вести