Жестока казна за Александар Митровиќ!

Фудбалската Асоцијација на Англија ја објави казната за Александар Митровиќ, напаѓачот од Фулам, за црвениот картон против Манчестер јунајтед во ФА купот. Србинот е суспендиран на осум натпревари и ќе паузира дури до 13 мај, кога Фулам ќе игра против Саутхемптон.

За потсетување, на четврт-финалниот натпревар од ФА купот против Манчестер јунајтед, Митровиќ протестираше кон судијата, а потоа го оттурна, за што доби црвен картон, а сега и жестока казна.

Фулам е на десеттата позиција на табелата со 39 бода, четири помалку од шестата позиција, која води во фудбалска Европа.

- Оглас -

Најнови вести