Тен Хаг ќе прави чистка во Манчестер јунајтед

Британските медиуми откриваат дека тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, нема да смета на шестмина фудбалери за следната сезона и тие веќе се ставени на трансфер-листа. Станува збор за Мекваер, Марсијал, Санчо, Хендерсон, Вилијамс и Телес. За овие фудбалери Манчестер јунајтед во минатото плати речиси 250 милиони евра да ги доведе во своите редови.

Веројатно најголемо изненадување е заминувањето на Санчо, кој од Борусија Дортмунд пристигна за 85 милиони евра, но во Англија игра далеку од формата која ја имаше во Бундеслигата.

Манчестер јунајтед изминатиот викенд загуби од Њукасл со 2-0 и падна на петтата позиција на табелата, а следните дуели на домашен терен против Брентфорд и Евертон се можност да се врати и да се зацврсти на позиција која носи пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести