Роналдо продолжува да „гази“: Десетти гол во дресот на Ал-Наср (Видео)

Кристијано Роналдо продолжува да ја покажува својата класа во првенството на Саудиска Арабија. Клубот за кој настапува, Ал-Наср, забележа убедлива победа од 5-0 на гостувањето кај Ал-Адал. Португалецот беше стрелец на два погодока, првиот од пенал во 40-тата минута, со што го отвори резултат, додека вториот во 66-тата минута за водство од 3-0. Двапати стрелаше и бразилецот Талиска, додека последниот погодок беше дело на домашниот фудбалер Ајман Јахја.

Ал-Наср е втор на табелата со еден бод помалку од најголемиот ривал, Ал-Итихад, кој има 53 поени на лидерската позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести