Меси влезе во топ 3, до крајот на сезонава се очекува да го сруши и тој рекорд

Барселона очекувано славеше над Жирона со 2-0 на гости, а еден гол постигна Лионел Меси. Со оваа победа, аргентинскиот виртуоз го надмина легендарниот голгетер на Реал, Раул, по бројот на победи во Примера дивисион. За Меси ова беше 328-ма победа во шпанското првенство, а пензионираниот Раул имаше 327 триумфи.

Пред Меси, за достигнување на овој рекорд, засега остануваат само уште двајца голмани. Андони Зубизарета има 333 победи, а Икер Касилјас се радувал на 334 средби во шпанското првенство. Ако се знае дека Меси е само на шест победи до стигнување на рекордот на Касилјас, до крајот на сезоната може да очекуваме капитенот на Барселона да присвои уште еден голем рекорд.

Меси и сезонава е најдобар стрелец во Примера и досега има 19 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести