Нејмар сигурно ќе го пропушти првиот меч против Манчестер јунајтед

Пари Сен Жермен немаше никакви проблеми и со 4-1 го победи Рен во меч од домашното првенство. За ПСЖ ова е 18-та победа во 20 меча сезонава, а имаат и две ремија, без ниту еден пораз. Иако „газат“ во првенството, „светците“ имаат проблеми кога се работи за тоа што е најважно што следува.

Од Франција пристигна вест дека Нејмар сигурно ќе го пропушти првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед. Бразилскиот напаѓач се повреди во дуелот од Купот на Франција против Стразбур, кога беше заменет во вториот дел.

Информациите се дека Нејмар ќе мора да паузира најмалку две недели, а проценките се дека нема да биде подготвен да се појави на теренот за дуелот кој се игра на 12-ти февруари на „Олд Трафорд“.

 

- Оглас -

Најнови вести