Се ниша ли столчето на Инзаги во Интер?

Според италијанските медиуми, раководството на Интер сериозно размислува да ја прекине соработката со Инзаги и да назначи нов тренер за наредната сезона. За тоа да не се случи, ќе треба Инзаги во најмала рака да ја освои Лигата на шампионите, а можеби и тоа нема да го задржи на клупата на клубот од Милано.

Веќе се споменуваат неколку имиња кои се во игра за тренерската клупа на Интер, а секако дека најзвучно е она на Жозе Мурињо. Во игра се и хрватскиот тренер Иван Јуриќ, потоа Роберто де Зерби, но и Тијаго Мота.

Интер во моментов води голема борба да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, со оглед на тоа дека четири екипи се со подеднакви шанси за пласман во елитното натпреварување. Паралелно со борбата во првенството, Интер веќе е во четврт-финалето од Лигата на шампионите, но и во полуфиналето од Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести