Легендарниот парагвајски репрезентативец, Оскар Кардозо, го изведе еден од најлудите пенали во историјата. Немаше атракција, туку едноставно најсилно што можеше ја удри топката, а таа одеше директно во главата на противничкиот голман. Тој се одлучи да остане по средината на голот, но мораше да ја сокрие главата, бидејќи шутот беше пресилен за да се брани. Сето ова се случуваше на дуелот од парагвајското првенство помеѓу Либертад и Серо Портено, кој на крајот заврши со победа на домашните од 5-0, а токму Кардозо беше стрелец дури на четири погодоци.
Штета што брзината на шутот не е измерена, веројатно ова беше најсилно изведениот пенал во историјата.
El inoxidable Tacuara Cardozo 🇵🇾 le facturó cuatro goles (leyeron bien y lo ponemos en número: 4 GOLES) a Cerro Porteño en la victoria parcial 5-0 de Libertad. Todavía le queda el segundo tiempo para acrecentar la cifra. Tiene 39 años. pic.twitter.com/VRVpgmdWUY
— VarskySports (@VarskySports) April 2, 2023