Изненадување: Поранешен тренер на Шкендија ќе го води Динамо Загреб!

Поранешниот тренер на тетовска Шкендија, Рој Ференчина, е новиот тренер на Динамо Загреб по отказот кој го доби Анте Чачиќ. Ференчина е роден во САД и досега беше во Динамо, но како асистент на Чачиќ. Тој во моментов ќе биде само вршител на должност, но останува нејасно дали тоа ќе биде само до наоѓање на трајно решение или до крајот на сезоната.

За нашата јавност, Рој Ференчина е интересен бидејќи беше тренер на Шкендија во 2014 година, кога Еколог му го довери новиот и скап проект, но сепак Хрватот кратко се задржа во Тетово. Уште во првото коло беше елиминиран од европските настапи од молдавскиот Зимбру.

- Оглас -

Најнови вести