Тренерот Карлос Алкарас, Хуан Карлос Фереро, изјави дека не сака неговиот пулен да го споредуваат со големата тројка, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.
Фереро во интервју за „Тенис Мејџорс“ изјави дека се обидува да го насочи Алкарас како да го извлече максимумот од него бидејќи смета дека е специјален играч и дека споредбата со големата тројка му создава голем притисок на младиот тенисер.
„Не сакам кога го споредуваат со другите, можете слободно да кажете дека е потебно да земете најдобри примери од останатите и да ги додадете во својата игра. Движењето на Федерер, менталитетот на Надал и слично. Се обидуваме да ги следиме сите детали од кај играчите кои сметаме дека се добри и да ги додадеме во нашата игра. Карлос во минатото постојано слушаше како му зборуваат дека е новиот Надал и тоа не беше лесно за него бидејќи му создаде голем притисок. Не беше лесно за него, но не ми е лесно и на мене бидејќи постојано слушам како новинарите ме прашуваат дали може да освои 22 гренслем титули. Рафа, Новак и Рожер се специјални тенисери, како може поинаку да се објасни дека двајца од нив освоија 22 гренслем титули, а третиот 20. Одговорот е дека се неверојатни, посебни“, изјави Фереро. “