Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, вечерва заедно со своите синови го следеше дуелот од претпоследното коло во Евролигата меѓу Црвена ѕвезда и Олимпијакос.
Белградските Црвено-бели во салата „Александар Николиќ“ во Белград, со 87:79 ги совладаа Црвено-белите од Атина, а интересно е што Антиќ играше за двата тима.
Тој со овации беше поздравен од навивачите на Црвена ѕвезда,а Антиќ и неговите синови носеа идентични маички на кои пишуваше „Семејни вредности“.