Револуционерен предлог: “Да се воведе ВАР и на трибините“

Италија е позната по расистичкото однесување на навивачите на скоро сите екипи. Последни во низата на расизам на фудбалските терени беа мајмунските извици од страна на навивачите на Јувентус упатени кон Ромелу Лукаку, но и скандирањата “циган“ упатени кон боснскиот репрезентативец Един Џеко.

Токму поради овие инциденти, Извршниот директор на Интер, Бепе Марота има револуционерен предлог: Да се воведе ВАР и на трибините. Марота веќе го има подготвено предлогот и ќе го презентира на следниот состанок на Фудбалската федерација на Италија.

Тоа значи дека ќе бидат снимани и трибините и судијата ќе може да прегледува, односно преслушува дали има расистички навреди од трибините. Според важечките правила судијата го прекинува натпреварот само во случај ако тој лично слушне или види навредување на расна основа.

- Оглас -

Најнови вести